Каде да најдам вакво кожно палто, битна ми е бојата да е таква, а и моделот приближно ваков. И да не е многу скапо. Знам у мега фешн кај бит пазар имаше и тоа на попуст дека не им беше сезона околу мај, јуни беше. Не си ја купив тогаш, и сега ми е криво.
Каде можам да најдам фармерки нормални да не се премногу цефка како хеланки!!! ( во waikiki пробав број 28 тесни 29 тесни и 30 исто тесни како да се ист број) незнам што прават со моделите и броевите!! и да не се скапи hhhhh
Има во Медикус Хелп во близина на државна што е. Продавница за медицински помагала и такви чуда. Не би требало да е повеќе од 1000 и нешто, неколку парчиња.
Кај да најдам ваква четка за размачкување креон и некок добар црн креон што не се размачкува брзо да ми препорачате?
Каде да си најдам убав новчаник, некој шарен ама мал. Не ги сакам оние големите новчаници. Барав во Калиопе, Котон, Ваикики и не ми се допаднаа баш тие што беа а не беа ни шарени Неколку примери - http://i01.i.aliimg.com/wsphoto/v0/...n-girl-short-design-from-wallet-wholesale.jpg http://g02.a.alicdn.com/kf/HTB1.oFrHVXXXXa6XXXXq6xXFXXXA.jpg
Девојки дали есенската колекција е изнесена по бутициве? Поточно барам убаво свечено фустанче за свадба.
Минатата недела бев во Капитол во Котон и имаше на попуст некои свечени фустани, ако сакаш да провериш како би ти се допаднале. Цена искрено не видов само видов дека беа ставени во делот кај попусти.
Барам црни пантолони налик фармерки во смисла на материјалот но со висок струк и ликра. Разгледував во Еуро Азија, Калиопе, Еко во ТГЦ ама безуспешно,
Здраво дами. На женска ми и се допаѓа некоја алка од Tiffany & co и сакав да ве прашам каде можам да најдам и отприлика колку е цената? Фала однапред