^^^ Матекс има меѓу Билна аптека и Трафик... оној кај раскрсницата на Тутунски комбинат. Имаше ефтини пантолончиња кратки, бели со плави риги и плава машна, бели со црвени риги и црвена машна, исти такви кафеави, сукњички кафеави со бели бобици и машничка... интересни работи и повеќето се од 200 до 350 ден.
Исто вакво, бојата, материјалот, моделот, се, имаше во Евроазија. Си го купив за 1000-че. Моделот е на Страдивариус и единствена разлика меѓу тоа и ова што си го постирала е тоа пто моево има само едно копче. Ако одиш, оди побрзо, зошто имаа само неколку останато.
А јас каде можам да најда овој модел на фармерки, но друга боја...сакам вака сокинати секси фарерчиња...heeeeeeeelp
Имаш баш секаде по чорапариве. Ако сакаш вакви скроз обични оди во Санда, јас од таму имам едни. Ама ептен се обични, само горе со ластик се. А ако сакаш онакви со везови горе, со чипка и слично, оди во Пенти.
Бидејќи не ја отвори претходната слика, еве ги цветните патичиња, дали видел некој вакви негде низ Скопје ??? Би сакала да ја знам и цената
во сите продавници во ГТЦ отидов и не најдов ништо црвено, а тоа што го најдов беше премногу високо или на изглед не беше убаво
девојки колку се движи цената на ваквите сукничиња?бидејќи носам еднаш до 2 пати во годината затоа незнам аи не сум ни прашала искрено ама ова моделче во главата ме има мантато мн.убаво изгледаат
Каде точно во Скопје можам да најдам фустанчиња неформални, не елегантни, не пренатрупани, да бидат едноставни а сепак убави. И колку отприлика чинат? Нешто вака на пример, (по тинеџерско , секојдневно)
Еуроазија, поточно Бершка, втората слика е на Бершка новата колекција само не верувам кај нас да го има точно тоа