Каде да најдам убави машки тренерки , да се со солиден квалитет а сепак не многу скапи - до 2000/2500? Би сакала долните да се како памучни и сиви... За подарок ми се
Каде можам да најдам вештачко крзно за да си го ставам на капут? Имаше знам во Зара, ама ми беа прескапи. Фала однапред
Дали четкава за исправување на косата може да се најде во некоја продавница во Скопје или само преку нет може да се порача?
Ја има на топ шоп мислам. Инаку, гледав неколку јутуберки како ја пробуваат и не беа задоволни. Резултатот не е ни приближно како на сликата.
Фала многу Јас немам виткана коса ама ми е многу густа и со преса ми одзема многу време па мислев со оваа четка ако е добра да си заштедам време. Ај ќе прашам и во соодветна тема за топ шоп производи да видам дали некоја феминка имала искуство со таа четка.
Ако бараш класични фармерки со висок струк, ти го препорачувам машкиот детски оддел во Waikiki. Можеби звучи чудно, но фармерките се многу убави, а за луѓе со мала телесна тежина одлично стојат. Во зависност од тоа која величина носиш можеби ќе најдеш таму број. Фармерките се со каиш во темно кафена боја по цена од 1099 ден.
Каде да најдам гелови за нокти на IBD или други добри марки (ако и оваа е уопште добра) во Скопје или Штип? По можност и цена да ми кажете.