Да од бершка се и двете, второто е од мај ( за тоа и не верувам дека го има) , првото е од месец март па колку од приклика доцнат кај нас? можеби го има... Инаку на друго место кај би можела да најдам слични такви фустанчиња ?
Тоа што било во март во Бершка, кај нас ќе стигне догодоина во март. Инаку фустанчиња ко што бараш сигурно ќе најдеш во Њујоркер, ОВС, Теранова...
вакви фустанчинња може да најдеш по малските бутици, да решеме во ново лисиче позади кулите во сите тие бутици, или порта бунјаковец во бутикот што гледа кон грчка амбасада
Во Тафталиџе во бутиците се уникатни фустанчиња, знаеш дека нема да видиш некој друг со исто такво. Сегде баш сегде ги има, јас имам многу парчиња облека со цветен принт го обожавам, само ако веќе купуваш од Теранова, Бершка итн. подготви се да видиш многу девојки во исто како твоето, а од маалските бутици поретко, иако го знам ова пак јас купувам од Теранова, Бершка, Калиопе итн и ај сеа?
Во Њу Јоркер има преубави бели со набор од страните и машничка кај прстите затворени, за 699 не ти препорачувам обични да купуваш има многу поубави а поевтини, ама сепак твој стил, твој вкус а обични бели ако најдеш доста евтини би требало да бидат. Види си во Њу Јоркер за овие што ти ги зборам јас
Јас имам од ЊуЈоркер , кажав некоја страна поназад . Многу се удобни , јас ги земав 700 а сега се уште поефтини мислам дека .
е баш денес вакви фармерчиња си пробував во еуроазија, оди таму имаш избор до бесвест вакви светлосини накај бели, сокинати а има и несокинати.. баш ми се свиѓаат, 1500/1600 се. си остаив капар за еден пар да ми чуваат, пошо кај носам толку пари у школо
Од каде и какво фигаро за виткање на коса да купам? Ептен сакам да ја носам виткана, ама не знам какво да земам, со пегливе за коса ептен лошо искуство имам додека ја погодив, па не ми се купува туку така.
Техномаркет, робата им е со висок квалитет фигара не сум гледала пеглата си ја имам купено од таму, али сигурно има и фигаро
Да не знаете каде има тексас палта, светло сини и колку отприлика чинат? Пред месец дена гледав едно во еуроазија 990 денари беше на попуст и не го купив сега се покајав , да не знае некој да не има уште.. ?
Јас гледав фигара во Техномаркет во Сити галери и убави беа имаше едно мн убаво не многу тенко така средно,виолетово беше околу 800 ден.
Девојки каде да барам интересни кошулки сега за вакво време. Така поевтини околу 500-700 денари Нејкам да лутам низ цел град, сакам побрзо да завршам, така да бутици би ми помогнале многу Еве нешто вакво на пример