Да не имате видено некаде дебели плетени ролки? Не сакам од оние обичните тенките, уз врат што се залепени... И дали знаете кај има исто дебел плетен фустан/туника со ролка?
Имаш и во Bershka, јас овој викенд купив, http://www.bershka.com/mk/woman/new...weater-c1010052085p100469239.html?colorId=635 и прекрасна е. Само имај во предвид дека се над 1500 ако бараш низ Сити мол. Видов сега во Мана дека имаат и по 850.
@crimson, @Mishela, можеби вие можете да ме упатите. Каде да најдам вакво огледало? Знам дека може да биде DIY, ама ако можам да најдам готово, подобро. Само огледало за на ѕид ми треба.
Мене ова ми личи на огледало од Икеа. Имам иста ваква масичка од таму, па ако те носи патот накај соседите јужно или источно, провери таму. Низ Скопје немам некоја идеја каде би можело да се најде вакво огледало. Можеби во yusk, Бриколаж.
Баш ми текна на тебе и се вратив со намера да редактирам пост и да те тагнам, ама ете си ми ги прочитала мислите.
@Mishela јас вакви сукњи неодамна низ Буњаковец гледав.Има неколку дуќани,на приземје,не им знам име,ама знам дека видов.
Леле се заљубив во чизмиве, само што и да бендисам од Зара кога ќе отидам во Ск ништо од тоа нема Секако ќе одам следната недела, но некој да не ги има забележано чизмиве случајно?