Пред 10тина дена си купив таква ролка од бутик Нани од прилеп, познати се со нивната страна на фб N&N.. Ролката ја платив 650 денари и ми изгледаше прекрасна кога ја купив но после неколку носења целата се направи како со ситни топчиња, материјалот изгледа млитаво и лошо.. Затоа не би ти препорачала да купуваш од ефтините ролки. Во Калиопе имаше акција да платиш едно парче облека а другото да го добиеш на пола цена, преубави ролки 1 за 1200 ден, две за 1800.
Јас имам две обични џемперчиња од ист материјал како ролките затоа можам да потврдам дека веќе 3 години константно носење џемперчињата не се обелени ниту пак растегнати.. Инаку исто и јас не сум најголем фан на калиопе
На влезот на Гтц од кај Холидеј ин од десна страна после аптеката Виола и златарата имаш мала продавница само за фармерки. Сите им се 1200.
Јас имам купено од Шутка два пара земав за 1200 денари со висок струк има разни модели,дуќанот е на почеток на десна страна, карши му доаѓа мислам градинката или амбуланта.Сакаш да ти сликам