Некои слични вакви фустанчиња низ Скопје, така поедноствани, класични кратки и не многу скапи кај да најдам?
Не знам за пума, ама чим ти го видов постов одма ми текна на Бершка и Пул&Бер, ѕирни ги овие, овие и овие.
Ѕирни во конфекција Обнова, на ќошот од семафорите кај Црвен крст, убави костимчиња комплет со сукња беа 2200 мислам. Само сако 1800 за било кој модел а богами има убав избор на модели. Ако од нешто нема број во моментот шијат по нарачка, за два дена е готов.
Феминки дали знаете каде можам да најдам женски дуксер на патент подебел да е да топли.Пребарав ГТЦ,Шутка ненајдов.Ми треба за баба ми
На Бит Пазар каде што продаваат градници,позади имаат тезги истите со гаќи.Имаше такви без раб 100денари мислам дека се