Каде низ Скопјево да најдам ваков тип на џемпери? Важно ми е да се квалитетно изработени и да топлат, истовремено да се шик, и отворени горе, како овој на втората слика.
Во Чаршија има дуќанот е специјален само за кутии за накит има секакви модели се наоѓа карши дуќанот Буши Сваровски.Јас имам купено слична таква,кога се отвара свети сијаличка
Па зависи на каков модел јас тоа кутивче тогаш го купив 900 денари.Во случај да не најдеш таму имаат и Буши продаваат на мало можеби кутивчиња само не во дуќанот каде што продаваат накит.Од Буши за накит ќе вртиш десно и право има мислам до дуќанот уметнички слики,мал е дуќанот исто од десна страна па види
Јас си купив вакви штикли пред месец дена од Janni & Janni во Кисела Вода. Истата чевлара ја има и на Бит-пазар, а истиот модел го има во повеќето продавници во Кисела Вода и на Бит-пазар. Јас имам бордо, но имаше и црни, а цената е 1200 денари
Сериозно? 900 денари за кутивче? @ana-sweet кутивче ќе ти продадат во било која златара, само прашај. Јас купив пред 3-4 години, 100ден ми го наплатија.
Знаете ли каде можам да најдам панталони во боја, тегет или кафеави или виолетови.. ама да не се фармерки него панталони , таков материјал хаха
И јас исто барам ролка џемпер, дебел, плетен и огромен Боја не е важна.. Исто ми треба шушкав палто, многу ми е важно да е топло, шушкав затоа што несакам да пропушта вода и да не е поскапо од 4000 ден. И исто сакам и чизми за на снег, да не пропуштаат, да не се лизгаат и да се топли. Доколку може да ми предложите од каде да купам кажувајте
Да дадов толку само затоа што имаше светилка и тогаш ми беше потребен за веридба,ама Жими тоа светулчето ни 5 пати отворање цркна