Каде можам да најдам женски палта со парчиња на лактите? Spoiler http://fashionel.mk/files/article/2...rtsko-elegantna-kombinacija-za-mazhi-8241.jpg
Филипс Лумеа депилаторот, во Нептун го видов 31 000, во Сетек 25 000. Ми треба консултација, дали секогаш има ваква разлика во цените или има разлика во апаратите. Макар што и на двете места ми рекоа безжичниот е ист со 5 додатоци Ме збуни разликава
Каде да купам квалитетен каиш? Сите фармерки ми се широки во струкот и ми паѓаат, а каишите веднаш ми се двојат или кинат.
Поквалитетни црни кожни панталони каде да барам, некој има видено/купено скоро? Не хеланки, ми треба нешто подебелко, и да не сјае ко ефтина хеланка, туку да е мат.
Каде има гарантирано водоотпорни чизми,а да не се прескапи? Страв ми е да не лупнам пари, а пак да со останам со мокри нозе на времево.
Моделите на Биана и Венус се одлични, но и малку поскапи, за да не те излажат нашиве продавачи, гледај покрај лепени, да се и шиени, ѓонот да е повисок, а дали се кожни и сама можеш да се увериш, имаат посебен мирис, а дека ефтино ќе платиш квалитет-тоа тешко
Девојки, каде може да се купат пластични проѕизни на патент, торби, ако може да се наречат така, а за пакување на ќебиња, постелнина и такви работи. Фала ви.