Отворени кожни ракавици има во Метал шоп во Лептокарија (Карпош). Имаш во Intimo (во подрумот во ГТЦ на самата автобуска). Дали некој знае каде има интересни чанти,но да се девојчиња (тинејџерки) и која цена се ?
Wild.Child, најубави ташни во Скопјево имам видено во Спрингфилд, отсекогаш сум сакала една, ама за цените, еех цените, едноставно превисоки се, ептен ако начекаш на попуст, ама тогаш ги снемува за 2 дена. На друго место ташни, па што знам, прошетај низ ГТЦ, Рамстор, оди до Манго, Тејли Вејл, Калиопе, Котон. Во Теранова има поевтини иако не би гарантирала за квалитет, 2, 3 маички што сум купила на почеток коа се отвори и баш не ми остаија впечаток. Ама можда така се погодило, што знам. Прошетај, тежат продавнициве со роба.
У спрингфилд ако се скапи, овие што си ги навела да не се случајно поевтини??? И сакам да ве прашам да не знаете каде има и по која цена шалвари ама целосни како со топ одозгора споени, ама да не се памучни???? Итно ми е ве молам пишете ако сте забележале негде... Вака нешто да бидат само одозгоре со топ
јас имам едни такви споени со топ, сиви се , ама памучни се... мене ми ги купи една другарка зошто знаеше каде е продавницата. Ми кажа дека е кај трафик пред рампата кај кисела вода. Инаку сега баш ми текна, видов такви и во HAPPENING на излог беа, црни беа ми се чини. Провери таму, се надевам ќе најдеш
Дали некој може да ми каже каде можам да најдам појас за вежбање , за кога трчам да го носам поубаво да се испотам? Знам дека има едни хеланки демек за целулит помагаат да се вежба со нив , ама сакам јас на половината и на нозете нешто како шорцеви таа должина .Не сум од ск и немам баш информации кај може да има , ако некој знае ќе замолам да ми каже овие денови поминивам од таму па да побарам . Фала ви
Лижалка, баш такви шалвари целосни со топ, видов пред некоја недела во Калиопе во гтц, 1200ден беа, имаше црни и кремасти, а исто така и во евро азија имам видено, ама не беа памучни, нешто како лен беше материјалот беа 1800. Провери може сеуште ги има.
Емче знам за тие од калиопе, една познаничка ги имаше, ама ми рече дека немало веќе А преубави беа, се заљуив во нив, фактички кога ја видов неа ми се засвигаа мене... Неделава ќе одам да си купувам, дај боже да има уште од тие... малку многу ми се 1800 ден за од евроазија, ама ке видам, ако не најдам на друго место...
Има во калиопе , за памучни ако збориш .Има црни и кафеави , у рамстор у тоа калиопе видов , сеа деновиве бев .. ги има насекаде ама заборавив каде . Ќе идам пак деновиве и ако немаш уште ќе ти кажам кај . Јас имам од калиопе ама не целосни , ко циклама , до под колена и не се памучни , не знам каков материјал , таков мазен и убави ми се многу зашо не се потам во нив и не ми е многу жешко п.с Таа те лаже за да не купиш као неа
Ејјјјј Ама не бе, нејзините не беа памучни, друг материјал, и кремасти беа... Може се некој друг модел... А јас сакам некоја светла боја, некам црни, ама некам ни бели, од темни бои би можело само тегет да дое у предвид... Кремасти сакам најмногу како нејзините се заљубив А колку пари беа тие што си ги видела памучни?
Мислам 1000 и нешто .. ама има ств. Не гледај само у калиопе , теранова .. И во тие збутаните , во тие што најмалку очекуваш има .. Се зачудив и јас колку убави работи има . Уште да имав толку пари колку што имаше убави работи .. ехехее Еее забораив да ти докажам како тоа .. Барав сегде рамбовки во град .. сегде некои долги , или такви као душата да им ја извадиле , а јас обични памучни без апликации барав.. И ако најдев беа по 500 денари мислам алоо обична блуза. Шетав бев везе низ населба , најдов во продавница за играчки за багатела .. 150 денари .Џабе лутав по град.. И така ти викам
Така е секогаш... леле срамота тоа сегде имало а јас прашувам, па шо да праам не сум прошетала низ град не памтам од кога... А у тели веил има???? Зашо таму има најубави алишта според мене
Има , ама и цени убави има Има фустани убави таму , за шалвари не заприметив .. Јас не знам како начекав фустан за 1000 таму Некоја грешка со цените имало можда
јас исти вакви само потесни малце си купив од калиопе 500 ден а доле кај зглобот исти ама скроз исти се... а како мислиш со топ одозгора??
ахаааа такви лии.. знам кај можеш да си најдеш и многу убави како корсет тоа горе ... ако си од скопје девојко пиши ми во лп позз