За да не се лизгаат чизмите мора да имаат одоздола гума. Се друго ќе се лизга. Исто така треба да бидат нели поквалитетни и водоотпорни за на снег. Такви чизми има во спортските продавници низ Гтц, а цената варира од тоа дали сакаш да бидат некој познат бренд или не.
Јас лани од Massimo Dutti си купив преубаво светло кафеаво сако со темно кафеави кожни парчиња, преубаво е. Го купив во Холандија, ама провери, можеби го има во нашиот MD. Имаше и во Zara, ми се допаѓаше едно сиво со црни кожни парчиња, ама немаше број за мене.
Претпоставував затоа што и јас прашував пред некоја недела. Вакви слични веројатно би можела да најдеш во продавничките кај Рампа или во редот од Мавровка до Бит пазар..
а некаде онлајн каде што би можело да ги има,оти не сум од скопје а и неверувам дека ке одам во скоро време
Каде да купам вакви "кожни " хеланки? По можност да имаат фб профил и опција онлајн продажба. Од оние другите лскавите сум затекнала во повеќе бутици, но баш вакви мат никаде. Плизз хелп ми.
Не знам дали ќе ти бидам од помош, затоа што бараш онлајн, ама има слични во Страдивариус во Сити мол. Цена, не се сеќавам, нешто низ глава ми се вртка 1790.
Женски знаете ли од каде можам да си купам обувки нешто слично на мартинки на изглед? Да топлат и да не се лизгаат и да не се мн скапи секако
Каде да најдам убави (модерни) прекривки за гарнитурата (двосед, тросед и две фотељи) во дневна? Гарнитурата ни е кожна, ептен е убава бела, ултра модерна. Прекривките што ги има низ град се .
Оние како черги што се,само за делот за седење се доста практични.Има бели во Стружанка. Или да провериш во Коин Каза,таму може да има нешто поинтересно.
Фала за информацијата Во Стружанка не сум била, не знаев дека има, а во Coin Casa чекаат нова роба, па ќе видам дали ќе донесат нешто што ќе ми се допадне.