Да, јас второ зимо носам од кај нив чизмички до глужд и освен што еднаш им сменив флекница друго ништо нема оштетено.
Имам два пара чизми, балетанки и штикли. Од чизмите сум презадоволна, едните ги имам утепано од носење 4 години и уште се во супер форма, другите ги имам втора година и супер се покажаа. Балетанките ми се малку крути. Штиклите ми се малку носени, ама се ок. Во глобала, задоволна сум од обувките, посебно ако се на попуст- не размислувај.
Јас купив од зимската колекција, црни, кратки до глужд, на навлекување (со ластика од страна сакав да кажам), кожни, 3000, само што ги беа добиле. Ептен сум задоволна. Не се искривија и се ептен удобни.
@resenska Во Скопје не знам, но во Персин на фб ги има јакниве на попуст им се по 1700-1800ден најмногу
Во Гтц имаше порано една продавница Палма се викаше ако не се лажам само дресови продаваа и провери најдоле во Гтц кај верото во подземје таму имаше исто памтам за дресови. Ако не во Шутка секогаш има.
Не знам во која тема прочитав дека ташните на Bags Shop Macedonia ги имало и во чаршија негде? Може некоја да ми даде инфо... ист квалитет се, цена и слично. Тнх
Девојки ве молам за помош.Ако некој знае оваа машка белегзија каде можам да ја најдам дали ја има во City mall ? За роденден на машко ми треба за подарок.
Јас ги видов и на Биитпазар и во шутка. Такви какви што зедовме јас и @Rose96 само друга боја и беа по 300 ден. Ама да ти кажам мојава ептен цврста ми се виде,само да ти се погоди е работата.
Можеби темата не ми е баш најсоодветна, но би била благодарна доколку некој ми помогне... знаете ли некој/а шивач/ка што може да ми направи корекција на капут, ама не по астрононска цена Буњаковец, Партизанска, Дебар Маало некаде?
Имаш неколку шивачки во ТЦ Буњаковец. Ама не ги знам цените и не можам ниедна да препорачам. Единствено можам, да кажам кај таа што е позади Буњаковец, никако.