Пред месец дена купив Нескафе лименка со гратис чаша од Верото карши АМСМ во Центар, ама повеќе немаат. Да не сте виделе некаде низ градов ваков комплет да си купам? Сакам да си направам комплет од чашиве плус изгледа по дома многу пиеме, при крај е лименкава.
Каде можам да најдам блуза или фустан за 8 години девојце со шљокици што кога ќе поминеш со рака се менуваат и малку ја менуваат сликата (апликацијата) на маичката?!? Ваљда ме разбравте што ми треба
Девојки, имам оваква ташна од мајка ми, малку е посмачкана од оваа, ама битно горе во делот кај рачката е таква со поголеми отвори Spoiler Е сега, пошто не е некако у мој стил да ја носам за малава рачка, иако гледам девојки слични ташни баш на тој начин ги носат, јас сакам да најдам долга „кожна“ рачка што се закачува, е овака: Spoiler Имам еден тон ташни ама на ниедна не и се вадат рачките, додуша имам сива, тегет, розева, бела, ама не и црна на која и се вади рачката. Каде да најдам овакво само да не е за порачување зашто сакам да почнам да ја носам чантата, додека не ми поминал меракот инаку ќе ја зафрлам некаде и нема да ми текне на неа.
Па вакви ташни со долги рачки на прикачување имаш насекаде. Можеш и да си нарачаш преку совршена.мк - ги доставуваат до дома за околу 3 дена и мислам дека се околу 500-600 денари. Друга опција ти се нормално, Бит пазар, чаршија и сите продавници за акцесорис низ градов. Потоа извади ја рачката и комбинирај.
Нормални фармерки со нормални броеви...да не се скини, да не се енкл. Макџинс ми падна на памет ама не сум била сто години не знам дали имаат.
Девојки, дали некоја од вас знае каде можам низ Скопје да најдам од оние дипломите за најдобар дечко, мајка, другарка? Благодарам однапред
Кај да најдам црни ружи за да си направам круна од нив? Отидов на битпазар, кај магацинот, немаат такви ружи како што сакам јас, имаат само во боја од таков материјал, ко пена е некако како што гледав на aliexpress, ама скапо ми е толку да давам за тоа.