Девојчиња, помош Се отепав барајќи од оние панталони од тексас (од оној летниот, најтенкиот) со ластик долу на глуждовите, ама да не се многу широки. Тоа што најдов или се многу широки во ногавиците (а јас не сум од највисоките, па се губам во нив ) или се како шалвари, спушен им е делот меѓу нозете (а тие не ми се баш age appropriate . Видов пред два дена една девојка на улица баш со такви какви што барам, да не ми беше срам ќе ја прашав од каде и се, до таму дојде работата
Леле остај, мене денес мајка ми ме натера да одиме таму, едвај се наканив ич нејќам да одам, не ни одам додуша мноооооогу ретко. Едноставно не сакам да одам таму, ама има убави работи. Вакви слични панталони кои следен пат ќе си ги купам негде 600 негде 650 денари само кремави и со машна на страна. Јас истотака сум на свадба, ќе ги комбинирам со корсет со црна основа и кремаво-розеви цветови и црни салонки. Оди и преживеј
Има некој видено вакви римјанки ли не знам што се, низ Скопјево? Преку глава ми е од црните римјанки како со кожа
Мислам дека видов вакви (слични) во продавничката што е на аголот во зградата на Министерство за транспорт и врски (спроти црквата Св.Димитрија)
Можам уште сега да си најдам негде апостолки? Видел некој негде? Сакам некои по обични Spoiler и некои по интересни Spoiler
^^ Како овие обичниве што сакаш, на втората слика има по кинескиве продавници, јас лани си купив неколку пара, добри се и за оваа година, не дека се некој квалитет, ама за тие пари добри се. Гледам и сега ги има, мислам дека беа од 70 до кај 90 денари. Јас имам исти како вториве, во друга нијанса
па имаш мн убави во рамстор на 2ри кат одма до mother care таа продавницата што е за бебиња..некаде се по 1000ден и се мн квалитетни и убави,ама имаш и поефтини околу 500 ден
Ла Чика нашиве продавници имаат лош избор на апостолки. Јас секогаш си зимам апосотолки од одмор, зашто таму врие од секаков избор на апостолки. A јас ги имам истите оние розе со црно бело, истите и супер се. мислам дека евро до 2 ги земав Bata има стално апостолки симпатични абе кога ќе видам цени имам ваква фаца
Ла Чика за поубавите апостолки би те советувала да си купиш обични најобични и после да им додадеш сама некој убав детал. Можеш да видиш и во темата направи сам, а и на јутуб туторијали миљон. Ем ќе ти се фраерски апостолките, ем ќе имаш само ти такви и ќе ти се по вкус ем ќе поминеш 3 пати поефтино!
Мимс јас вакви лани гледав во Тинексот кај мене во Ѓорче , и си купив ама со врзување на вратот беше ( вака валда се кажува )Не беше повеќе од 1000 Ла Чика и јас исто како другите феминки ќе ти кажам да видиш по кинескиве продавници .. Никако не давај многу пари на апостолки , не знаеш дали ќе те стегаат или жуљаат или пак ќе ти се скинат
Има ли некоја од феминкиве што носи plus size clothes Дајте совет каде можам да си купам нешто ама поголем број, низ градов нема ништо за некој со повеќе килограми И тоа што ќе го најдам е за тетки од 50 години
Andzelika големи броеви имаш во Рамстор горе на втори кат во Олтра и во Бисер доле во подрумот во Мила. Има убави и штосни работи.
Мимс, убави долги фустани има на Зелен пазар, на тезгата што е одма позади трафиката на автобуската, ќе му дојде карши новото Жито лукс. Ја кога бев пред некој ден имаше само 2-3 модели, само горниот дел кај градите не беше ваков како на сликава, не знам како да објаснам каков беше... 750 денари беше, што мислам дека е смешна цена. Башка тој човекот ми рече дека ќе донеле нови модели од вторник, сигурно ќе има и поубави
Во трговски тој новиот бутик до мотиви што е ми се чини дека големи броеви имаше а и интересни моделчиња исправетеме ако грешам феминки
Да ама тие се некако бош материјал. Јас сакам баш од ваков материјал како на сликато, како свила нешто е...