Не ми е итно, ама не знам колку да ризикувам... Да не ми стаса некое парталче за 5-6 долари подобро да си платам поише тука во дуќан, барем ќе го видам со свои очи.
Значи кога и да отидам во Мана, се покајувам. На слика едно, во живо сосем трето е блузата никаква беше Ама женско ко женско, "ај за секој случај и до тој бутик да поминам"
Летово беа доста популарни, ми се чини дека ги гледав на фан страната на Перла на фб. Мислам дека @Rose96 и @mirandaa ги имаат?
Јас имам слични на овие ,исто така шпиц и ги купив во Forever 21 .Имаат многу модели на вакви моментално , во различни бои.Исто така и во H&M имаат моментално.Јас мислам дека скоро секаде ги има.За Скопје кај нас не сум упатена многу периодов , но би требало да ги има во Бершка,Њу Јоркер , Зара ... Ако си во можност скоро да посетиш најблиску каде има Forever 21 ,погледни .Јас многу им ги сакам затоа што се и доста удобни покрај тоа што се убави на око.
Мислам дека ги има низ сите продавници како Сара фешн, сигурна сум дека ги има и на пазар бидејќи се "тренд" моментално
Јас би сакала да прашам дали некоја од вас пред брзо време ја посетила продавницата Janni&Janni? Ме интересира дали ја имаат извадено колекцијата пролет-лето конкретно штикли-сандали?