@Bloom19 Би требало да има по сите чорапари. Во сара фешн гледав последно а цените би требало да им се од 250-350 денари. Тие што ги видов беа поситна мрежа од овие на сликава и мислам дека беа 300 денари.
Толку се отприлика, до 300-350 денари, зависи каква плетка се. Инаку, во Пенти (Сити Мол) имаат некој мал попуст на одредени хулахопки - дезенирани и обични. Средна дебелина еднобојни беа намалени од 350 на 280, потенките отприлика од 250-180 / 210-160 и сл. Видете натаму, можеби ќе си најдете нешто интересно.
Вакви имам купувано од Џамбо. Можеби имаат уште, провери. Не беа скапи воопшто, некои стотина денари отприлика.
@Mishela ти благодарам многу Сметам дека би ми било полесно да ја виткам косата со ваков тип на витлери....
Во Вучко провери ли? Таму имаат костими за маскенбал. Или Џамбо. Јас Бел ја имам,ти ја поклонувам ако ви одговара на замислата.
@Briar Rose Витлерите се уште ги има во Џамбо. Во едно пакување има 10 витлери, а цената е 59 ден. Јас ги користам и задоволна сум.
@poenta ти благодарам многу Едноставно не можам да употребувам обични витлери. Не ми стојат цврсто во косата и плус, барем за мене, е невозможна мисија да спијам со нив...
Да не си има некој купено ваква да ми каже кај да најдам поквалитетна да е. Гледам по фб продаваат ама не ми се сигурни сите страници и не знам од кај да порачам.