Ми треба силиконска маска за телефон со војнички принт. Дали имате видено некаде во Скопје? Не сум прашала овде во градов, ама не верувам дека има (нема баш голем избор, повеќето се еднобојни).
Нешто најслично видов во Бершка, со тоа што предниот дел е позатворен. Материјалот е многу убав, стегнат. Цената е 1290 денари. Spoiler И овој е со гол грб, ама пообичен и од порастеглив материјал. Исто од Бершка, 799 денари. Spoiler
Совет каде има најмногу избор на фустани. Каде да одам низ градовиве? За апсолвенска ми треба ама да не е астрономска туку нормална.
Девојки каде да најдам вакви? Не мора да се баш лаковани матетијалот не ни е толку битен, само да се шпиц на полна пета. Ми требаат баш за овој период, така да ако сте виделе кажувајте одма, итно е.
Девојки, да не имате видено некаде ваква јакна? Розева, со патентот на средина и да не биде biker стил.
Има во Бершка мислам, разгледај на сајтот таму и во Страдивариус. Пак се модерни пониските штикли и има многу вакви модели низ бутиците.
Здраво! Не најдов тема каде можам да го поставам ова прашање па еве ме тука. Сакам да купам машинка за бричење за подарок и пребарував но во Нептун ми се некако скапи а оваа што ја најдов во Сетек не знам колку е ефективна. Па ако нечиј брат/дечко/пријател и сл. ја има користено оваа или барем некоја друга од истата фирма ако може да сподели мислење, би ми било многу драго! http://setec.mk/index.php?route=product/product&path=10124_10145_10151&product_id=31115 Исто, ако знаете каде можат да се најдат квалитетни машинки за бричење до 800 денари ве молам споделете! Благодарам! Ох и заборавив, исто ме интересира дали знаете некоја квалитетна колекција за нега за брада? Некои масла и сл.? Не мислам на пена за бричење и афтершејв патем!
И јас барам вакви сандали, може и црвени, без онлајн нарачки. Ако си видела баш вакви во некоја продавница @Mishela упати нè, затоа што вчера го превртев цел Бит-пазар и никаде не најдов За во Бершка, бев и таму пред некој ден и има сандали на ниска штикла, ама не се вакви (затворени, шпиц, со едно тенко ремче горе), туку најчесто отворени напред. Мислам дека и во Страдивариус не видов.