Здраво. Дали знаете каде можам да најдам ефтини старки до 1000че некое продавниче низ скопје или преку интернет ?
Црни вакви сандали има во Манго, таму пробував ваков сличен модел, со тоа што напред се затворени, а позади се отворени како сандалки. Има и скроз затворени со ремче на глуждот и некои детали, ама на многу пониска штикла од оваа на сликава што ја ставивте. Во Зара повеќето модели беа скроз отворени сандали, а во Бершка имаше такви слични како од сликата на ванилала само што се пошпицаст модел и имаат интересно необично ремче (околу 1500 денари се). Во Страдивариус има маслинесто зелени, ама имаат везени монистри, не се сеќавам колку беа.
На Битпазар ти се по 800 денари поквалитетните, имаш и за 600. Овие што се по 800 денари ти се исти ко оргинал на изглед, нема некоја разлика
Имате ли видено некаде moms jeans? Мислам на оние што биле популарни во 90тите, скроз различни се од boyfriend jeans. Мајка ми имаше 3-4 пара левис, ама ги фрлила, срце ме фати На овие мислам:
Мрежести хулахопки ама широка мрежа кај да најдам во Скопјево? Барав во Сара Фешн, Пенти и уште неколку продавнички ама не успеав да најдам http://images.asos-media.com/produc...-tights/6204679-2?$XXL$&wid=513&fit=constrain
Зависи колку мала ташничка сакаш. Ако се работи за плик-ташничка или клач, не би можела да ти помогнам, меѓутоа ако ти требаат помали ташни како за секој ден, јас ти препорачувам да си нарачаш преку сајтовите кои имаат испорака до дома. Гардемода, Совршена.мк и онаа Bags Shop Macedonia. Пиши им на фејсбук, ќе се договорите. Мислам дека на Гардемода моментално има акција (2 чанти за 999 денари). Јас нарачував пред Нова година, ташните се повеќе од одлични.
Мислам дека зависи од градот до кој се врши доставата, јас не се сеќавам колку платив - 100 или 120, навистина не сум сигурна.
Обично секогаш од таму купувам, ама последниов пат кога бев, видов дека почнале и они да се занесуваат со цените. Малите ташнички по 800 . За во чаршија тоа е многу, они секогаш имале пониски цени... Барам нешто до кај 600, не ми се дава за толкаво ташниче повеќе .
Еее стварно претеризам... Можеби се наоѓа нешто и во MegaFashion на Битпазар кај автобуската, другарка има убавко ташниче од таму