Каде да најдам нормални фармерки?!?! Да се со долги ногавици ( а не до глужд), цефка, горе со низок струк, без многу избледено, скинато или шари.... Тоа е нешто што можам да го комбинирам и за на работа и за „надвор“....
Најдов на H&M слично , ако и некој друг бара вакво фустанче Но сепак ако некој видел нешто поефтино низ нашиве продавници (може и маалски, не мора од големиве), кажете
Теранова има само во Сити Мол и Сити Галери? Ако некој ги види маслинестите еспадрили од таму број 39, нека ми пише одма плс Во двете продавници ги немаше, па да знам дали пак таму да барам или има и друга локација.
Да ве прашам знае некоја каде можам да си најдам најобична бела блузичка ? Сегде сум прошетала скоро неможам да си најдам.Еднаш едвај црна обична најдов на пазарче, океј ми беше, и после некое време отидов специјално за бела имав потреба и се имаше некои отидени бои па тој период се снајдов со нешто друго.
Дали сте виделе ваков комбинизон?!? Јас го гледав на официјалната страна на Орсеј (или како и да се чита) ама не знам дали го има во продавницата во Сити мол....
За Orsay не знам, ама многу сличен ваков има во Mago. Имаат страна на фб, се наоѓаат во Влае и во Центар спроти Доминос ако не се лажам.
За во Orsay не знам, ама какви комбинезони има во Massimo Dutti - боли глава. Преубави се, ама и од цените боли глава доста.
Некој да не знае некој Бутици Прилеп-Битола каде можам да најдам вакво? Може и други модели не мора да е ваков.
И јас таму ја видов ама проблемот е што не ми се допаѓа бојата немале друга па затоа прашувам каде можам да најдам