А во Мана на Првомајска провери ли? @Paolita Обично се' што објавиле на фејсбук, сум го наоѓала таму. Во тој во центар не одам баш од тие причини што се' се разграбува набрзинка.
Каде да најдам убави комбинезони низ Скопјево? Елегантни, црни, квалитетни....за свечена пригода. И евентуално убаво црно сако кое би можела да го носам само на прслук? Со длабоко деколте.
Ги имам гледано на оваа страна на фб https://www.facebook.com/kupime.com.mk/ мислам дека беа околу 600 денари
Фустани од овој тип може да најдеш во Буњаковец,во еден бутик на прв спрат,гледа накај Партизанска.Не верувам исти,но слични модели,мислам дека има,не сум поминала скоро.
Спортски градник до 600-700 денари? Видов вчера во Ваикики еден, ама сакам да разгледам и нешто подобро, не стоеше баш удобно тој. И 3/4 хеланки од некој материјал што нема дополнително да ме поти или па спортски шорц (ама со пристојна должина, не тие тангите што ги продаваат во теранова)? Фала Едит: Плус, летни фустанчиња во ваков крој? Едноставен, секси, италијански