Помагајте кај има стварно квалитетни балетанки бидејќи земав едни од Ил Камино само 2 пати ги облеков и се скинаа.
Обувките во Ил камино се убедливо со најлош квалитет. Сум купувала обувки и од пазарчињава па сум се убивала од носење а Ил камино е џабе фрлена пара...
Јас гледав ептен убави во Sara Fashion за истава цена, вака изгледаа доста океј, планирам да си земам баш
Јас сум задоволна од Parfois. Еднобојните наједноставни се по 799 мислам, мене ми се многу погодени и меки на нога. Имам едни од пред 2 години, едни од лани и сега купив повторно.
Ако сакаш оригинал, има во Fashion & Friends во Сити Мол. Сега гледам донеле и во Мана на Првомајска, ама машки модел. @CinnamonBambi Јас имам спортски градник и 3/4 хеланки од Њу Јоркер и ги носам веќе две години, многу сум задоволна, особено од градникот. Каде има тренерки или пошироки лабави панталони со војнички принт? Освен во Бершка и Њу Јоркер, таму ги видов и не ме бендисуваат.
Едит: Плус, летни фустанчиња во ваков крој? Едноставен, секси, италијански [/QUOTE] Видов слично фустанче како второто само со тенки прерамки во Mega Fashion карши Рамстор трговскиот. Баш таков крој беше, тесно, кратко, цветно, светла боја, али на тенки прерамчиња.
Девојки каде можам да најдам салонки крем или некоја пудреста боја на пониска штикла...? За свадба ми требаат. Сегде кај што гледав се 10,12 cm високи
Барај на битпазар на тезгите каде што има накит (во средина кај зеленчукот). @kate89 денес видов со убава пониска тенка штикла во Поларис-Гтц.
Иста боја, уз тело ама отворот не е V, туку како чамец (веројатно знаеш на што мислам) јас имам од Зара. Но, го купив на попуст уште зимава, не сум сигурна дали го има сеуште.