Мене вакви панталони со висок струк ми требаат што се врзуваат во струк само сиви или беж боја, да не сте сретнале некаде случајно?
Женски кој пазар во Ск беше со многу материјали за фустан свечен ми треба убав материјал и каде се наоѓа отприлика?
Сигурно мислиш на женски пазар. Зегин сигурно знаеш каде е, продолжуваш право накај тезгите каде што се продаваат цвеќиња, ги поминуваш цвеќињата и тука е влезот. Има влез за баш за пазарот, продолжуваш уште малку право и ќе видиш се продаваат и некои регали, маси и сл. Дуќани имаш и во Стара чаршија, ама најголем дел се чипки кои се прилично скапи.
Дечки, знаете ли од каде би можела да најдам моделарска кукла (или не знам како поточно се вика) и отприлика колку пари се нови, на старо... За да ви е појасно праќам слика :
Видов во магацинот кај Битпазар што е за монистри, траки и слични работи. Мислам дека беа 3000 и 2500 ден.
Во Пул енд Беар Ај и јас да прашам нешто. Вакво плаво сако дали сте виделе некаде? И ваква боја фустанче (не мора да е тој модел)?
Каде да најдам во Скопје предмети за поклон, во бохо стил, рустичен? За другарка ми се Може да се обетки, или некој украс за во соба функционален