Гаќи без раб (тие ласерските, што не се познава на тесен фустан) ама и со мидер што го стега стомакот? Не знам дали има такви на пазарче, не сакам обични мидер-гаќи, туку сакам да не се познава работ на гаќите преку фустанот.
Имаше пластични во Базаро, по 30 денари беа. Не знам дали уште ги има и дали би ти послужиле, а убави се јас ко украс си ги користам
Зависи каков фустан планираш да носиш, пред се зависи од материјалот. Ниту тие гаќи не се магични, и тие имаат ластик најгоре, кој сепак се познава. Најдобра опција ти е мидер, ако е долг фустанот облечи си мидер (како шорцеви оние мидери што се) и со обична гаќа нема да ти се познава. Јас имам мидер од H&M, го купив од Мега Фешн, околу 400 денари, вреди секој денар. Висок е нешто над стомакот и до над колената.
Каде да најдам големи корпи на градници за доење, впрочем има ли такво нешто кај нас? Сакам нешто вака ама да не е памучен туку со корпа, барав викендов во H&M ама најголем број им е 85 Е а мене за малку и е кнап. Секоја солуција е добредојдена
Каде можам да испринтам маица? Ама да не се познава како слика врз маицата , кало што прават кај зелено пазарче, туку да биде во иста рамнина со маицата некако
Мене прашањево ми е преглупо ама ми треба помош. Фустанов е овој, чипката на мојот модел завршува кај што е обележана црвената линија. Прашањето ми е, дали можам да најдам некој мидер, гаѓи, хулахопки или што и да е, само да ми е стегнат задникот. И да не се познава. И ако има каде да барам? Благодарам и ве молам за одговор затоа што ми е итно !