Каде да најдам фустан пообичен до колена како за секој ден и за на работа да може. И каде има продавница на дака фешн во ск таа на бит пазар ја затворија.
Војничко зелена кошула од тексас материјал каде да барам? Или може да е и друг материјал само поспортска да е и струкирана.
@Summerlover ај не туку ми лајкувај, кажувај дека да барам црвени балетанки или и ти си на истата мака? Има во Х&М ама не ми се чека Германија во август, а за Солун не планирам да одам, всушност друг не планира. Мажи
@Sfera Охо, ја да знаев, уште одма до детал ќе ти кажав, и модел, и цена и локација But I'm afraid, ни јас не знам, а лајкнав дека барам исто едноставни балетанки, како што постираше, само црн/крем барам. Ама во Пеко има црвени, со панделка напред, ама се на помала штикла, т.е не се рамни А од нив, само вакви црвени имаш, иако на естетика не се можеби нај, сепак брендот си е квалитет Spoiler: Пеко И од менито на Зара: Но, и самата знаеш дека чевлите таму се повеќе заради естетика, а не се баш наменети за носење, туку краткотрајно и повеќе за сликање Spoiler: Зара 2300 денари 1500 денари И оф корс, само за елегантните пригоди: 4000 денари. Такви како што постираше, само некоја нежна верзија на кафеаво/крем има сестра ми, утре ќе ти допишам од каде ги зема. И ако видам некаде низ Скопјево да има, одма те известувам, планирам да прошетам овие денови, па ќе ти кажам
Јас на почетокот на летото си купив такви исти како Сфера што постираше црни и окер, од продавниците за чевли кај бит пазар што се. Квалитетот не им е ништо псоебно, ама 3 пара за 990 ги земав, па колку ги носам толку чизми и штикли секогаш квалитетни земам, балетанките онака... секако набрзина ги уништувам...
@DAngel Искрено и јас така порано, ама веќе неколку години почнав во секој тип на чевли да инвестирам Зошто нозете да ми се здрави и да не мирисаат кога ќе носам само чизми и сл, подобро секогаш да ми биде таман Така, од Офис Шус земав едни, па ни плускавец ни ништо уште од првиот ден. И си викам, бреј Сунчице, зар нема нешто поубаво од тоa и зошто порано не сум правела така? Ем ти влијае и на целото движење и држење на телото, ем не ги малтретираш стапалата Ама ние жените, знаеме и од пуста естетика и убавина да земаме набрзина евтино, а ни додржува, како што велиш, нити е квалитетно
@Summerlover едни фамозни прекрасни балетанки од аванти ги носев точно 5 дена. Се распаднаа, ни за во ѓубре не беа. Од друга страна од чевлите на Смики од Кочани сум презадоволна. Имам едни штикли, точно 7 години се, за матура ги купив. Ги убив од носење. Кога ги однесов лани прв пат да им сменат флекици се крстеше чевларот, вика личи ко едвај една сезона да си ги носела Прелесни се на нога, на работа одам со нив, едно 35 минути пешки во еден правец, никогаш, никогаш не ме заболеле нозе во нив.
@Summerlover знам дека ме сфати, сепак ти благодарам и за трудот да пребаруваш по сајтовите на овие брендови што ни се достапни, и да ми напишеш овде, а и за намерата допрва да разгледуваш по продавниците. Верувај ги поминав и Зара, и Пеко, Страдивариус, Бершка,Пулл&Беар и Парфоис и сите останати. Нема она што јас барам. Изгледа само Х&М прави облека/чевли/акцесорис по мој вкус,барем последниве неколку сезони. Уште да биде достапен во МК.
@DAngel @Sfera Сестра ми балетанките ги купи од Кочани, по последното шетање таму, иако ни беше онака, не за шопинг наменето Mислам дека видов и црвени, а изборот на чевли им е доста голем и имаат и Биана, Смики, Глечер, што се со одреден квалитет, така да Кочани му е мајката Ем ќе се прошеташ малку по Истокот, па ќе видиш. А пробај и Куманово, Штип А реално, сите оние што ги наброја, барем бутици кај нас, тоа се точно така, бутици, а не чевли за продавници, па нормално не се ни баш дизајнирани за убаво одење Туку претежно да одговараат на тамошните комбинации, т.е за каталог и сл. Јас секако ќе прошетам и тука по Скопје, ако ѕирнам некаде, одма една телеграма по лп праќам
@Summerlover се што сум купила од Кочани сум го износила до максимум, а затоа што сум од источна Македонија по потекло, барем додека не се преселив во Скопје сите чевли од Кочани ми беа. Една зима за 1600 денари (ако не беше и помалку) кожени чизми земав. Три сезони без престан ги носев, не трепнаа. После дури ми напука кожата затоа што многу снежна беше зимата и многу сол фрлаа, уште никаде не се одлепија или нешто слично. И еднаш едни сандали, па исто 5-6 години ги носев, ама знам едно лето ногата ја изгорев и морав по цел ден да лутам, на факултет да се запишувам, и само во нив можев да одам. Ептен задоволна од се што сум купила. Мене на Biana чизмите ич не ми се погодија, ем ме фаќаа грчеви во нив, ем некако без веза ми се расипаа...