Јас лани летото ваков модел земав од Инфинити на Партизанска, нешто бела основа со розеви цветови беше, за 600 денари. (имав постирано и слика во Модни критики со нејзе ) Претходно гледав по бутиците во Буњаковец, беа околу 1000, 1500 ваквите модели. Провери и во тие бутиците, имаат пофини и поелегантни модели. Исто баш ваков модел за поефтина цена имаш во локален бутик во Кисела Вода, веднаш спроти Чешма има 2-3 бутици еден до друг, имаат топ ствари за нормална цена.
Можи и подолга и др боја Вакви исти нигде неможам да најдам со црвена подлога Ваква сукња можи и др боја
Девојки каде да најдам 3/4 тегет хеланки, најобични, памучни? Имам купувано од Ваикики можеби сте забележале дали ги имаат сезонава?
3/4 тегет хеланки имам видено на Есмара во бугарскиот Лидл кај Петрич, пред една недела. Памучни, многу пријатен материјал.Ако те носи патот накај Лидл, провери, можеби има останато.
Денеска ги видов во Шутка имаа кратка,средна и долга должина во цвеќиња ама цена не прашав не се скапи може накај 500-600 денари
Еднаш имам пишано тука и во друга тема ама никој не сака да ми одговори Не се лутам искрено и нема никој да напаѓам затоа повторно ќе прашам фала на тие што ќе ми помогнат. Каде да најдам во Ск мала минијатурна ташничка прерамката да биде со синџирче да не биде цената бомба туку нешто измеѓу. Фала
Провери во Манго во ГТЦ, има попуст баш на таквите по 990 ден, мислам дека има бели,црни,пудра боја ташнички.. Исто можно е да има исто во ГТЦ ама во подрум до Веро во таа бижутеријата
Фала ти многу баш вакви нешто барав само црна. Планирав гтц али незнаев точно продавница не сум застанала да прошетам само го поминувам гтц набрзина од работа. Имаше една продавница доле карши Верото На кој кат е манго во гтц? фала
Бижутеријата за која што зборувам е баш до Веро, нема шанси да не ја видиш.. А Манго мислам е на прв кат, до Џино ресторанот
Мислам дека знам за која бижутерија ми збориш истата мислам дека ја има во бисер нешто беше името софија или софи нешто така не е битно.Таман да си најдам и накит. Ќе ја посетам и фала за информацијата на Манго.