Каде можам да најдам ташничка што ќе биде ваква боја и по можност од ваков маеријал? Мислам дека цело Скопје го пребарав и ништо
Каде да најдам плисирана миди-сукња во ројал блу боја? Гледав на страната на Манго една и многу ми се допадна, ама ја нема во Сити Мол. Да не знае некоја дали ја има во бутикот во ГТЦ? Ако не, кажувајте каде сте виделе ваква.
@Mishela јави се во Манго ГТЦ кажи им го кодот на производот и ќе ти кажат дали има и плус величината што ја бараш. Јас така правам и секогаш ме услужувале. Еве ти тел.број Манго ГТЦ 02 31 39 332
@MissFortune Фустанот е на Reformation, и мислам дека е околу 200 долари. Ако може да се порачува од нивниот сајт, провери го, имаат многу такви стилови на прекрасни фустани од тој и сличен тип. Инаку, за нешто поблиску до нас, пред еден месец во Котон имаше вакво слично нешто, бел долг, кошула-дизајн фустан, само што од страната имаше благи карнери Провери, може уште го има
Девојки, ве молам ако некоја знае каде можам да најдам ваков кроп топ нека сподели. Бојата не е битна Spoiler Иако не знам дали ќе ми стои дека си имам меше
Нешто слично видов во Пеко во делот за домашни папучи, беа околу 1200 денари, а дополнително имаше 20% попуст.