Тоа ќе му дојде одма коа ќе дојдам кај стоковна куќа мост? да влезам одма во првата десно уличка покрај оградата?
Тоа ќе му дојде, од кај Зегин(значи од кај пазарот), право има како една голема порта низ портата ќе поминеш ( незнам како да ја наречам ) ако одиш се право по таа уличка ќе излезеш кај Скендербег( ваљда ме сфати)
Па да, поголемиот дел се со кошули, чевли, ама има еден дебел чичко со така поголем дуќан и милијарда обесени модели на тренерки. А кога си веќе таму можеш и да ѕирнеш на пазарот.
Уште нешто да прашам знаете ли дали кај Охис сеуште има аутлет на Тач или тоа е само Гонитекс? И дали таму цените на Гонитекс се истите со оние на продавницата во градски ѕид или е поефтино?
девојќи да не знаете кај има попуст на штикли онакви класични високи..?? видов на битпазар ама нема таков модел сите се или со полна штикла или некако измодерирани..
Па во центар бев пред некој ден,нема некој избор можеш да видиш во Еуроазија,во Вип (ама поскапички се таму)Знам дека обично фустанчиња убави до кај 1500-2000 се наоѓаат во Бисер
види во беверли, има продавнички помали во кои има убав избор само не знам како стојат цените, ама мислам не се превисоки
Денес прошетав, па вака на купче (да не барам кој што прашувал) да информирам: -За оние кои прашуваа за балетанки (а не им е важно кинески ова-она) во кинеската продавница во Аеродром (карши Бисер, спроти неа е Тедико) има балетанки од 150 ден нагоре (150, 250, 390 итн). 150 ден. колку што видов беа едни напред со отворени прсти. -За оние кои прашуваа за морнарско сини сандали на полна пета, ги има во истото кинеско продавниче, мислам дека беа 850 ден. Петата мислам дека беше како јута. -Во истата кинеска продавничка има розови лакирани штикли за 150 ден (мислам толку беа). Па и за една употреба да се...
Ми треба најбрза насока од каде да си купам купаќи - дводелни имаат предност секако! Да не се баснословна сума, зошто купувам пропратно - до 500, 600 денари може. Проверив во Боди Лајн, нема број за мене (големоградна сум) Ако имате идеја некаде низ градов или некои маалски продавнички да ми посочите, да не лутам, за да си набавам? Фала ви однапред
Види до Елит, таму каде што се тезгите. Онака влегов пред некој ден,и имаше неколку тезги со костуми.
Во Стружанка денес видов лански модели на Pompea по 600/700 денари се. Има убави моделчиња, а Pompea имаат и добар квалитет. Провери си, верувам дека ќе најдеш нешто што ќе ти одговара. Нивни продавници имаат во Центар, Градски ѕид до Студентски збор карши T- Хоме (до Тинексот), на Партизанска - Буњаковец до месарата, малку подолу од Специјал и по населбиве имаат мислам, јас овие две им ги знам.
да не знае некој кога почнува попустот во Скопје,... ми треба обнова на облеката за на работа (имаме некој кодекс на облекување )па ми требаат кошули и класични панталони и сандали напред затворени, по можност да се згодни за одење..... ама воопшто не ми се трошат многу пари ...лето е ми требаат пари за на одмор
Вака сега....фустанчиња, поефтини најдов во беверли, долу во подрумот, карши телекабел. Најскапото 1900, ама свеченко. Вчера случајно забележав една продавничка на водњанска...името ваљда и е ЕФТИНО . имаше некои рамбовки во корпа по 200 ден, прилично солиден материјал. Сако за 350 ден (си купив црвенко, убаво е ). Е сега...кога го забележав пред влезот на продавницата имаше куп жени и ред чекаа за влегување, и отидов малку подоцна, и продавачката ми кажа дека секоја среда добивале нова роба, и се трошела во истиот ден. Ми спомна девојчево дека ке носеле сега сакоа зо 3/4 ракави подвиткани, ама ке биле 400 или 450 ден. Вреди да се види....едвај чекам среда да дојде А денес случајно на зелено пазарче приметив една продавничка, имаше и кондури, балетанки...цените им беа од 600-850. Интересни секојдневни модели имаше. Продавничкава беше одма до продавницата за здрава храна...по детално незнам ни јас...на пазари не се снаогам добро.
Melanie ќе може да објасниш каде поточно се наоѓа проавничката на Водњанска? Инаку видов дека се спомнува Шутка за кондури. Бев минатата недела, и немаше ништо посебно, една ташна само си купив. Секогаш се прелажувам така да отидам, некоја другарка ќе купи нешто евтино и јас како демек да купам нешто ама ништо нема. Работите се исти ко во центар и не се евтини. Пр. сандалите на плута или пуна пета што ги зборите, од 800 ден нагоре беа. Истите може да се најдат во град дури и поевтини.