Девојки, помош! За еден настан викендов се замислив во тесен, едноставен црн фустан до колена, по можност со гол грб и шлиц позади, но и не мора. Дури и не мора да е црн, може и некоја боја која оди добро со црни сандали. Супер би било цената да е до 1500 ден. Проблемот е што не можам да излезам и барам низ продавници, па ако некој видел би била бескрајно благодарна. Фала
И тука ги видов... https://www.facebook.com/pg/Prestige-Shoes-138901743175555/photos/?ref=page_internal Дуќанчево е спроти средното економско Борис.
Ако мислиме на ист фустан, таков си купив од Зара за 800 денари, eве го. Иако личи доста едноставен, материјалот е сон зошто не се проѕира и те стегнува убаво за да те оцрта. Прерамките се дебели, деколтето право и позади исто е ниско отворено, ама не е гол грб. Имаш и друга слична варијанта тука, и со поотворен грб од Бершка тука.
Здраво феминки сакам да прашам дали сте запознаети со цените на моделите од Biana низ скопје ги има во различни продавници и со различна цена ако некој знае каде се со пониска цени нека каже
Дали некоја знае дали јакничкава ја има се` уште во Зара? Пред две недели ја имаше, а сега на сајтот стои дека ја нема (не знам колку е тоа веродостојно). Ако ја нема да не идам за џабе од далечниов ми град.
Можеш да им се јавиш и да им го кажеш кодот на производот ќе ти кажат дали го имаат Еве ти бројче t: +389 3087 901 – ZARA WOMAN
Маички со прерамки и спуштени ракави? И кошули кимоно? Само не во Сити мол, некаде во центар, аеродром, лисиче...
Каде да најдам и купам убав капут сега? Знам знам, Сунчица обратна од сите На помош ja викам и @joy1. По дизајн барам ваков некој, а да биде тегетен со златни копчиња
Sunco ова Барбери ли е? Сега капут немам видено а ни барано некаде Ѕирни страната на Масимо Дути Имаа они мн избор Башка попуст сега имаат
Убави и квалитетни мантилчиња/капути имаат на Амор Кочани, квалитетни и лични. Види кај вас каде држат , мислам дека ќе ти се допаднат.
@duffi Дафи а каде имаат во Кочани продавница? Може едно кафе и таму да се испие Тенк ју и на тебе на брзиот одговор
Мислам дека треба да провериш во Fashion&Friends во Skopje City Mall иако малце продавницата за некои парчиња облека е посолена во цените би требало да имаат сличен капут ако не и ист како овој. * накај август имаат секогаш до 70% попуст
Не знам навистина, не знам ни дали имаат сопствена продавница. Јас земав од тука капут, држат нивна роба во еден наш бутик. Сигурно и во Скопје има некаде каде што ги продаваат.