Вакви има во Сити Мал што е штандот на Ипанема,Веро Центар исто ги има и во маркети ДМ.Со овие можеш и на плажа гумирани се.Може се околу 800-1300 денари
Едт, сега гледа дека овој модел во Sport Vision е 1390. Зависи колкав буџет имаш, ама овие вредат за сите пари.
Кажете некоја онлајн фб-продавница во која има избор од оние градници што се без лента на грбот со врвки напред? Знам дека ги има на Алиекспрес ама нема да ми стаса на време, ми треба за поскоро.
Ги гледав некаде на фб за 300-350. Не ми текнува како беше страницата, па ако некоја знае таква нека ме извести.
Мишела, прееска видов слика на онаа За Модерна Девојка (на латиница). Не е пејџ, него узер профајл на фејсбук. Некој да ми пише продавници каде може да најдам убави фустани ко за на свадба?
Ги гледав на фб во бутик Еми во ГТЦ само не знам цена https://www.facebook.com/photo.php?...848.1073741829.100014078166373&type=3&theater
Каj да наjдам овакво/слично ранче, ама да не е за три употреби :/ со поjаки прерамки и не толку широко дно. Скопje/Охрид, докаj 700ден.
Девојки ми треба мала помош ке одам на крштевка кај прва бртучедка па ке биди многу голема убава крштевка да речам многу елегантна и мн гости.Сакам да дојдам во ск на шопинг па дали ке ми кажете каде може да најдам нешто поедноставно фустанче кратко или незнам некоја друга идеа ако имате и колку се движат цените од прилика?инаку имам 20 години
По мене најдобро да си отидеш во голем трговски, како Сити Мол или Градски трговски, најголем избор на дуќани имаш. Во Сити Мол за едноставни фустанчиња за твоја возраст ги имаш Бершка, Тејли Вејл, Теранова, Њујоркер, Страдивариус...Имаш избор на цени од-до, Теранова на пример се евтини, можеш да најдеш за 400ден, а сега како што се попусти ќе најдеш и во другиве нешто фино.