оваа на водњанска не е носена облека...нова е...дури и јас се зачудив. инаку кога одите од горе, поточно од државна кога се спуштате надолу накај центар, по улицата нели има една куќа што малку штрчи....уште малку надолу, после куќата одма се гледа...ке видите корпи надвор и гужва (барем јас тоа го видов). ако одите од центар нагоре...ке одите од страната на дал фуфо...и после дал фуфо уште 50 метри погоре...во редот на фотокопирот, сендвичарата
Кај има вакви кошули низ градов? Значи да не е дебела, вака летна тенка, долга, широка, по можност 3/4 ракав. Немојте само да ми ги кажувате оние изгужвани од овие модели, не ги сакам Боја што пожива толку подобро, па и некоја пастелна нека е, ама не бела/црна
Јас имам како првата кошулка од мајка ми е Ама некако материјалот ми е по свечен , не знам како да ја искомбинирам кошулата , и на страните има шлицови.
Јас имам од мајка ми слична, ама освен што ми е 50 броја поголема и некако без форма, е црна. Сакам летна свежа боја, тоа е финтата
А да видиш по оние, јас си ги викам старински продавници, како Матекс, Макпримат и сл. Од една продавница на Матекс , мислам пред некој месец јас си најдов прекрасна кошула кремаста со ситни плави точки (ептен винтиџ) за само 100 ден. Прошетај ги може ќе најдеш нешто, кошулите секогаш им се ефтини
девојки, да не имате видено некаде вакво цветче за во коса, и ако имате, колкава му е цената отприлика? фала вии
^Имаш по бижутериите и пазарите, цена до 100-150 од прилика, зависи од каде ќе го купиш. На пазарите може да се и под 100. Битно има секаде.
Вакво цветче со трака за подрабување завеси (исто на пазар ќе си ја купиш), ќе си направиш за 10 денари
Во Џамбо!!!Јас си купив 590 се и многу се убави,дводелни а горните без прерамки.Провери може ќе најдеш нешто што ќе ти се допадне.
Ее, феминки фала ви на одговорите! Си купив вчера, во Елит, за 700 денари, чоколадна боја, дводелен, многу типски, што би рекла мајка ми! За живо чудо, сите поефтини модели многу лошо стојат - така да супер ми дојде овој пар. Поздрав свима
Девојки има ли негде низ градов сандали со цветен дезен на полна пета, и тоа ѓонот да им биде како сламен?