Каде да најдам убави едноделни купачи? Ми требаат 38-ца со Д-корпи. Го прошетав цел Сити Мол, не најдов, тоа што имаше или не ми се допаѓаше или немаше број (во Лиска). Исто така, ми требаат 3/4 пантолони и бермуди-ама да не бидат ептен кратки, некаде до над колена. Фала однапред!
Девојки ќе ве замолам за огромна помош На свадба сум во сабота. Некоја некаде низ Скопјево дали има видено нешто слично на ова. Фала (Може и други бои)
Каде во Скопје можам да најдам долг фустан,малце посвечен материјал ама онака лесен, летен фустан. Предлози?
Види во Рамстор, на 1 спрат во Евла. Неколку продавници подалеку од Поларис. Продаваат роба на Омиш Галеб,нивната облека е претежно морнарска, може ќе најдеш нешто.
Квалитетни ламби за нокти има во една специјализирана продавница за такви работи која се наоѓа во Капиштец, во близина е на трговскиот Зебра, на улицата позади која води кон заводот за вработување. Во близнина имаше и маркет Стокомак мислам дека, се надевам ќе ме разбереш каде е. Јас од таму ја земав мојата и сум ептен задоволна. Имаат неколку различни модели, цените се некаде од 2500 најефтините па нагоре.
На свадба сум, а немам воопшто време да барам фустан по продавници, па секој предлог или насока ми е добредојдена. Ми треба едноставен, но свечен фустан. Миди или долг. Може дезениран материјал, но да нема светки и други тракатанци. Со цена да е до 4000-5000ден. Каде да барам? Spoiler: Примери :)
Фала ти Разгледав сега на фб, убави и раскошни се фустаните, но некако премногу светкаво и украсено за мој вкус.
@Avery провери во Зара и Манго, имаат убави миди, па и долги фустани, баш како што бараш. Не сум била сега скоро, па не знам кои модели ги имаат, ама на страната видов фини модели. Spoiler https://www.zara.com/mk/en/woman/dresses/midi/floral-print-dress-c733887p4950557.html http://shop.mango.com/mk/women/dres...=40&n=1&s=prendas.familia;32.dresses32;Largos