Освен на Бит пазар каде на друго место во Скопје може да се најдат женски часовници , нешто по приступачна црна?
Имаш во Њу Јоркер, Мега Фешн, има во Спорт Вижн (малку се поскапи 700-800 денари) а мислам дека има и во ТераНова. Секако имаш и на Бит Пазар, ама јас првин би проверила во продавниците.
Девојки од каде да купам нешто така слично како на сликата и за која цена? (Во Скопје) Spoiler: долна облека Немам баш многу време за шетање низ градов, па ако сте виделе некаде нешто слично кажувајте.
Во New Yorker имаш голем избор на долна облека, различни модели и бои, едноделни и дводелни. Околу 1000-1500 денари комплет доаѓа.
Здраво девојки, ми треба мала помош . Подолго време барам балетанки со т.н. змиска шара со подобар квалитет, дали знаете каде би можела да ги најдам истите во Скопје?
Може не е за темава ама, некој убав, квалитетен термос за кафе? Нешто слично на овој, иако сега кога подобро видов, на сликава изгледа помал отколку што е.