Некој сто бил во Страдивариус да каже дали ја донеле ташнава https://www.stradivarius.com/mk/wom...sbody-bag-c1718540p300385508.html?colorId=001
Дали некој знае дали и кога има попуст во Мона? Имаат убави чанти ама многу се скапи а и никогаш немам начекано попуст. Дали знаете дали воопшто некогаш им се на попуст?
Да имаат на ташните попуст, не на сите модели и тоа 10% или 20% најмногу... Ама ташните се врв, јас имам 6 од Мона купено, сите се преносени, ништо не им фали. Скапи се многу (од пред некои три години поскапеа вака) меѓутоа вредат за секоја пара
Вакви кошули подолгички, за со тесни панталони/фармерки. Може било кој дезен, пруги и слично. Имате ли некаде видено, ми требаат 2-3 да купам одеднаш. Фала ви многу
Има речиси секаде, Манго, Зара, Бершка, Страдивариус, Пул енд Беар, Ваикики. Ако не сум грешка, најевтини се во Пул енд Беар, по 800-1000 се, во Ваикики ако има останато од оние на попуст имаш и по 500-600, Манго и Зара се најскапи, 1300 па нагоре.
Манго, зара, масимо, motivi зависи колку пари ти се даваат. Јас би ти рекла да инвестираш малку повеќе зашто претпоставувам ти се за на работа и ќе ги носиш секој ден А да, и бирај подебел материјал што не се гужва така лесно