Баш ќе проверам ,еднаш отидов и не беа нешто посебни и затоа може имам такво мислење али ке проверам пак сепак фала ти мн
Каде да купам исти дуксери за дечко и девојка? Немора да има ништо по нив може и различна боја ама типот на дуксер да е ист??
Црни оксфордки што не се лаковани? Нешто во овој стил: И превртена кожа во сиви нијанси? Во овој стил: До кај 50 евра?
Би можела да купиш исти само во различна величина Иначе предлог, кога прашувате пишете од кој град сте, така би можеле повеќе да си помогнеме.
@orevka Јас купив пред една недела Фармерски со низк струк, не избледени обични за на работа во ЛДБ ( не ЛТБ), имаат продавица на Рекорд карши таа канцеларијата на претседателот и во Бисер на приземје.... Цена оклу 1000 денари.
Па баш такви ми требат некој за на работа ,бисер ми е одлична локација Кажи ми од која страна на бисер ?Да не е негде од главните скали? Фала за информацитее
Кога стоиш пред главните скали од лева страна. Мислам дека е меѓу пекара Кисми и книжара топер. Не можеш да утнеш.
Во ГТЦ на први кат Адесо Тренд на излогот пишува македонски производи, има во сите бои, цената им е околу 1800 ден. кожни се. Малку поскапи исто во ГТЦ на истиот кат во Баргала и можеби има нешто слично во Биана, веднаш до Адесо им е продавницата. Јас си купив кремаво-сивкасти од Адесо 1600 пред 2-3 недели.
Случајно ми излегоа на фб, од Kupi Od Doma - Outleton. Не би требало да се проѕираат. Добра понуда е. @smooch такви пижами имам гледано на тезгите во Битпазар одма спроти Зегин. Тука има нели две тезги за долен веш и една од десна страна со пижами. Од таму си имам купено само долни дебели, за некој си 150-200 денари. Маста им ја извадив ама топлат многу. Провери си таму ако те носи патот. И општо низ цел Битпазар ќе најдеш такви.
Доколку бараш најобични, црни памучни хеланки, тогаш би ти препорачала од Стружанка, околу 200 денари се, мене ми се покажале како квалитетни.
Вакви сетови има во Космо на Deborah, ама имам читано низ форумот дека не се доволни пигментирани и дека лесно се трошат/ кршат. Во Теранова мислам дека има исти дуксери, ама убаво ти кажале погоре, можеш да земеш од машките дуксери само различен број.