Абе девојки гледам погоре во постовите спомнувате некои продавници на Матекс, каде се тие продавници?? пошто јас единствена што ја знам е онаа во ГТЦ горе ама таа е за материјали нема конфекција!
Трегери видов во Лептокарија во една бижутерија спроти Џовани му доаѓа некако, а не видов колку пари беа..
Има ама не знам дали од сите модели. Цената им е од 450 до 800 ден, а за боја - има на портокалово и црвено, ама претежно се дезенирани, клот не видов
Има една продавница јас што ја знам, ако има и други кажувајте. Мало е дуќанчето, се наоѓа кај Зоил, карши Зоил поточно, маааалку подолу, не сосема спроти. Има продавница за веш, па ова. И се` е по 200, максимум 300 ден. Фустани за 200 се имам изнакупувано таму.
Дечки,маички на кимоно ракави,ама да не се икс позади на грбот како тн рамбовки?! По можност циклама,тиркиз,жолта и да се памучни.
Некое бело ленено фустанче, или кошулка??? И на висока плута некои сандалки, поефтинки , по можност тиркизни?
Енца за сандалите на плута,провери во продавничето во гтц до Египет од кај Жена парк.Не сум сигурна дека има тиркизи,ама колку што видов од излог има симпатични на плута и тоа во повеќе бои,ама не обрнав внимание кои бои.
Енца види во Ил камино, денес гледав по 1200 или 1300 денари беа таквите сандали. А за фустанче видов во Елит 500 денари.
дали некој знае каде мозам да ја најдам пудрата coverderm за прекриванје на недостатоци на нозе(вени капилари модрици)