Во Веро Џамбо, кога ќе се качуваш накај 2 спрат, на средината, од лева страна ќе ги видиш. За цена не би знаела да ти кажам.
Во офис шуз во сити мол ги има, ама пази ако купиваш, имаш мејд ин виетнам и мејд ин чајна, ќе видиш позади на гумата разлика, во лепењето, мислам дека тие мејд ин виетнам беа околу 500 денари поевтини и лепењето им е катастрофа, баш позади на гумата кај петата се забележува. Ќе ти се распаднат веднаш. Оние другите, поскапите, мислам дека беа мејд ин чајна, се подобар квалитет. Едит: Дури и на линкот што ти го поставила Оксиморон се познава, погледни кај ванс женски како е испакната гумата кај петата на првите, а како е мазна кај вторите. Такви кај што е мазна да купиш http://shop.arthurs.com.mk/index.php?route=product/category&path=150 Гледам во Артурс не е така, а во Офис Шуз баш оние со послаб квалитет беа поевтини. Тука од моделот зависи
Да не знаете слично вакво бебешко комплетче да има некаде во Скопје? Во Манела им се потрошиле... :/ а преслатко ми е
Во Бисер во една продавница имаше (слично, триделно со розе пелерина, блузичка и ко шпикознички, или што и да се), ама последно беше (ако не се продало). Инаку истите комплетчиња што ги имаше во таа продавница во Бисер ги имаше и во ГТЦ во продавници на трети спрат, и во Еко/Елит на тезгите.
И бутиков е во Бисер, ај ќе проверам дали го имаат во бутикот во Центар, па ќе поминам во ГТЦ. Фала иначе, да не знаеш по колку се во ГТЦ?
800-1000, знам се што гледав таа цена беше. Инаку јас во друг бутик во Бисер видов вакво, на другата страна, накај пазарчето.
@Oxymoron ги пробував овие, на изглед се многу убави, цената исто-супер, ама пуштаат боја. Рацете цели црвени ми беа. Ако ти се само за да ги прошеташ од кола до кафич добри се и ептем фраерски стојат, ама многу се тенки за да ги носиш во зима.