Од каде и да земе исто е, имаш два вида Ванс, Made in China и Made in Vietnam, и двата вида секаде ги имаш. Едните се одлепуваат за 2 недели, другите траат повеќе. Погоре ја објаснив разликата. И од странство купени на дечко ми му се одлепија за 2 недели
Катастрофа! И Лакоста истото... Од тогаш строго Адидас и старки ама не платнени, оние демек кожа. Со години не мрдаат.
Девојки дали некоја била во Шутка во брзо време? Ме интересира дали има зимски јакни и која е цената од прилика
За Converse - all star важи истото што го пишала и @DAngel - има два вида и оние Made in Vietnam се поквалитетни.
Можеби има во продавниците во Кисела Вода, кај Рампа. Во Лептокарија има чизми со попристапни цени исто така. Или да провериш пред Бит пазар, во онаа Јани&Јани како и да беше.
Сте сретнале по скопскиве чорапари вакви дебели греачи? Последно кога побарав во Сара Фешн немаа дури ни од оние чорапи дебели до колена.
За околу 800 денари можеш да најдеш само некое останато бројче од претходните колекции ако ти се посреќи. Инаку имаш такви чизмички во продавничките на Битпазар и Рампа, и се околу 1200 денари.