Во Зара сигурно, но и во Mana Fashion гледам има нешто слично https://www.facebook.com/MANAfashio...885195001614/1669746563082129/?type=3&theater
Значи ти бараш волнени? Волнените се уште поскапи од синтетичките, а и потешко се наоѓаат. Да провериш Макпримат, Тетекс, Окитекс, Астибо...
Вакви имаш во Артурс, од Конверс. Некаде околу 800-900 денари се, ама на декларацијата пишува дека се 100% памук. Многу се фини, има неколку различни модели, јас си купив вчера.
Девојки каде можам да најдам некој да ми нацрта честитка ( ништо комплицирано). На фб следам премногу креативни луѓе и страни, но кога ќе ти требаат никој не можеш да најдиш :/ Сепак повеќето од нив цртаат чаши, саксии, рамки, слики или накит не сум видела некој да нацрта честитка ( за честитање роденден ми е и треба да е уникатна). Ако ви текне некој ве молам пишете ми итно ми е <3
Мала исправка - јас го видов капчето од сликата погоре и се залетав да ти објаснувам за него. Сега кога ја прочитав Китен како ти пишала дека „не грее“, ми светна дека муабетот бил за нешто друго. Извини, друг пат ќе внимавам што читам. Мислев на капчињата, дека имаше избор. Џемпери не знам дали држат, мислам дека не. Ама тешко да најдеш некој кој не е синтетика. Во Макпримат нема нешто многу избор, кажаа дека очекуваат нов дотур на роба, па ќе видиме што ќе понудат. А убави ролки имаше во Бенетон, околу 2000 ден се, ама материјалот е навистина многу убав.