Следен викенд сум на крштевка и сакам да си купам некој зимски фустан. Да не лутам безвезе, кај има во Скопје некој бутик што има така фустанчиња интересни, а да биде онака не нешто претерано, но и не многу секојдневен, а и по која цена отприлика?
Ич не сум по носење фустани, па не знам баш каква ти е замислата за зимски фустан а не знам ни каков ти е стилот, ама би ти предложила да ѕирнеш во бутик Еми, се наоѓа на најгорниот спрат во ГТЦ. Неколкупати имам влезено и секогаш имаат разно-разни парчиња облека за (скоро) сечиј вкус. Имаат и страна на фб, па можеш да ѕирнеш и таму дали нешто ќе ти се допадне
Хаха, па да не биде разголен ептен, да е со долги ракави у тој смисол глеам и доста како со материјал на џемперче се носат фала ти инаку ќе проверам во бутиков
Во Џамбо нема, ќе проверам во Sport Vision. Ти благодарам ♥ Има во Duki Daso но не ги видов цените. Памучни има во Стружанка а „фенси“ имаше во Мана, кај Бул. Св. Климент Охридски.
Каде по можност во Центаров на Ск. можам да најдам слична ваква бунда но да биде до 2000 макс. оти само за една пригода ми е и не верувам дека многу ќе ја носам. Само вака да е подолга, мини да прекрива. Не мора баш ваква да е шарата.
Ја сум имала тренерки од Теранова што сум ги носела 6 години, ниту ми се раширија ниту сменија боја, прекрасни беа. Престанав да ги носам зашто ги скинав. Но, имам и едни што не беа толку квалитетни, ама па за по дома носење за тие пари ми се супер (по 400 денари ги земав). Поевтини не верувам дека ќе најдеш. Зависи за што ги сакаш. @Anie93
Види во бутик Енџел, имаат многу избор на фустани. Имаат продавници во Бисер и на рекорд. Нека и живо и здраво Искрено не верувам дека ќе успееш да најдеш по таа цена во дуќаниве... Види на страната на "mojagarderoba" , поверојатно е таму да најдеш. Гуд лак
Вакви „кожни“ сјајни панталони во Скопје? Не ни личат баш на „кожни“, vinyl се на англиски, гледате од сликата на какви мислам. Како да имаше во Zara, но сега не можам да ги најдам на веб-сајтот.
Немам видено до сега срцка, ова напредна мода уште не стигнала кај нас. Можеш да отидеш на шнајдер да прашаш дали може да ти ја направи.
Дали Битола негде имате видено ваква суќна: Вака нешто ми е во очи најдобро, но и овие ми се убави: И ваков фустан негде во Битола да не имате видено: Ако знајте ќе ви бидам премногу благодарна за информацијата!