дали некој видел вакви некаде низ градов немора да се на плута може и на помала штикла или црвени или во плаво бели риги ...хелп ....стварно ми требаат ...
Провери во Биана, во денешна Теа Модерна има реклама со интересни моделчиња. Црвено-бели на риги со отворен прст и на штикла, бели со ремчиња на плута, розеви Оди провери, обавезно
фала да не се многу скапи ?? слабо стојам со пари...накај 1000че да можам да најдам негде ...а се утепав од барање ...
Да ве прашам девојки каде има убави прстенчиња освен на бит пазар? да не бидат нешто скапи 200-250 највише
Во Капиштец во катната гаража една продавница, ја видов во Космо списанието и имаше и вакви на риги и црвени. Провери си таму
Biana се околу 2000-2100-2400 зависи од моделот (она што јас имам видено). Овие опишаниве модели не ги видов во продавницата, а демек им стигнале новите модели сандали од Biana за оваа сезона.
Во сите бижутерии има убави прстенчиња. За 250-300 денари побарај во Софи во Гтц близу Евроазија, во бижутеријата доле кај Шехерезада, во Ботони, низ бижутериите во Бисер. Ама немој да брзаш да купуваш одма зашто можеш истите да ги најдеш и на Бит Пазар. А не е сеедно едно прстенче да го платиш 300 денари а после да видиш дека си можела да купиш 5-6 за истите пари
Јас дур да се намолам да си купам сако, ситe се испопродале... Луѓе видел некој сако..по можност S зошто и тие што останaле беа L, XL, XXL... Тие не ми вршат работа :/
Во лептокарија види во продавничките што се до кафичот џовани пред некој ден видов имасе црно и кремасто, по 1500 мислам дека беа имаше и мали бројчиња
Незнаев каде да ја сместам информацијава. Другарка ми се врати од Шутка и си купила многу интересни slip on патичиња од Шутка за 250 денари Па и месец дена да ги носи одлични се Вакви се :