Јас не сум од Ск а шетав таму не најдов.. по бутиците по страни од фб барам немаа, некој чуден стил на капути ми е и се е долг, а јас со мојата висина и не сум баш за таков
Има многу голем избор во Просветно дело. Материјалот е многу квалитетен, делчињата не се ептен ко картонски и има секакви големини. Мислам дека има во сите книжарници, но јас обично купувам од Просветно дело. П.С. Има и во Џамбо и не се воопшто скапи, само не им е толку квалитетна хартијата од која се изработени. Сепак за таа цена се супер.
Каде можам да најдам вакум кеси, ми требаат за ставнје на козметика, четки, пасти и сл. (за патување со авион) за да не ми прават проблем на граница ?
Здраво девојки, Некоја да ми каже каде можам да најдам шорцеви или сукничка со реси? Нешто вака како на сликите во продолжение. По можност во Скопје или некој бутик кој што врши достава. Ви благодарам
Женски, дали некаде кај нас се продаваат шишки-додаток за коса? Не се решавам да порачам од интернет зошто бојата ќе си ја утнам, а би купила од тие поквалитетните и поскапи (не алиекспрес синтетика), ама да не ги фрлам за џабе парите. Кај да барам?