Девојки, ми требаат мали теглички како за бонбони за свадба, слични како овие на сликава. Каде може да најдам?
Има бе, горе кај хартиите за виткање и ќеси за подарок. 30 денари беше, ги видов скоро. Еве и на сајтот ги има. Едино да не се распродадени па да не си ги нашла, ама горе таму беа.
Каде би можела да најдам привезоци или некои мали украси, фигури, чаши, нешто симболично со херои од Marvel?
Девојки можеби не е најсоодветна темата, ама случајно да не сте сретнале ваква мапа во вид на грепка некаде кај нас? Немам време да чекам да ми стаса од интернет.
Си купив "кожни" хеланки, ама никаде да најдам памучна туника за со нив. Барав Теранова, Калиопе и Њујоркер (све во Центар). Каде да барам, макар да е и во локална продавничка (Центар, Карпош, Лептокарија), а да е со пристапни цени, зашто сакам барем 2 да си купам? Фала однапред.
Види во Маго. Се наоѓа до ЈБТ, цените се пристапни и обично имаат фин избор на секакви туники. Или во бутик Различни (се наоѓа во Буњаковец од страната на Партизанска).
Фала, @Mishela. @Antolinaa има и во Теранова за 300 денари, а јас ги зедов од Њујоркер за 800 мислам. Ама кога ги споредив, моиве се нешто поквалитетни од другите.