Девојки, кај можам да најдам кошула-фустан и црни елегантни панталони со широки ногавици во Куманово или Скопје и отприлика која им е цената?
Da ne slucajno ima nekoj zabelezano dzvonarki?Vo zara se prodadeni i nema..Predlozete butik,trgovski centar ...
Каде можам да купам завеси,но од оние кои не се проѕирни?Значи или подебелки да се или потенки ама од материјал што не се проѕира.Да речеме вака нешто ко на сликите што ќе ги поставам.И ако знаете цените како се движат
Сте виделе ли некаде бели гаќички но да се така интересни, да не се класични бели гаќи со груби ластици и се (знаете на какви мислам), може и полубоксерици да се, така удобни?
Сте виделе некаде џемпер со голи рамена? Spoiler: Џемпер со голи рамена И дебели, масивни ролка џемпери од овој тип? Овој од сликата е од Зара ама кај нас или не го донесоа или јас не го забележав зимава :/
@Luminary, дали имаш проверено на Бит-пазар одма на влезот каде што продаваат само гаќи? Јас секогаш од таму си земам и многу се квалитетни. Еден пар е 70 денари, ама материјалот ми се допаѓа ептен. Има еднобојни, со апликации, шарени, со чипка, секакви и ластикот им е баш удобен и најважно е што не оцртуваат на фармерки или панталони. @MIA-SK, провери во New Yorker, последно таму забележав. @Avery, ако си заинтересирана за онлајн купување, побарај ги на Фејсбук Daka Fashion Gostivar. Ептен интересни модели на џемпери има и се е по 350-400 денари. Исто ми текнува дека на страната во Пренди има со големи раменици, ама не како што бараш и квалитетот не сум сигурна каков е.
@Avery вакви дебели ХХL ролки има во Ивери. Неодамна отворија бутик во Скопје и се наоѓа до Бургер Кинг во непосредна близина на Плоштад. Мислам дека беа од 500-650 денари, јас си купив две и многу се убави.
Каде да си купам струкиран капут, должина некаде до задник но не подолг? Да не е црна боја, може сив, крем, праска, бордо. И би била среќна ако е со попуст
Тесна еднобојна блуза со долги ракави од добар материјал? Не сакам синтетика или да лепи и отцртува. По можност црна, но може и друга боја.
Ќе може информација доколку некој знае каде има убави бели фустани во моментов како за регистрација? Или пристоен комплет од класични бели панталони или здолниште со бело сако?
Bela gtc, mango, marella, max mara и уште неколку се во рамстор десно од котон доле на приземје, спроти вип штандот. Исто фустани има во Инфинити кај буњаковец. Цени на панталони овде ти се од 1900 нагоре, сакоа 2000 нагоре, фустаните во рамстор од кај 2500 па нагоре а во Инфинити има и поевтини.
Феминки дали можеби знаете некоја онлине продавница за секси долна облека ( освен онаа валијант ), Благодарам.
Каде во Скопје да купам вакви шишки со клипче што се закачуваат, по можност од природно влакно за да ја усогласам бојата на косата?
Дечки обични салонки црни ефтини? Има ли попусти на рампа или на битпазар ако бил некој во брзо време?