Да ти одговорам јас синтетички се, но со солиден квалитет. Вчера купив 2 џемпери, 750 ден беа речиси сите. Уште не стигнав да ги исперам и облечам, ама мислам дека нема да се соберат или рашират веднаш и колку што ги пробав не боцкаат и пријатни се за носење. Фала ти @Mishela за препораката не најдов баш тоа што замислував, ама сепак не излегов со празни раце
Во Мис Шоп Шус, салонките се од 600 денари нагоре. Квалитетот навистина изненадувачки, прв пат купив толку евтини салонки и прв пат ми се погоди вака удобна чевла.
Vans имаш во Arthur's и во Office Shoes, и двете ги има во Сити Мол. Цените во Arthur's можеш да ги видиш тука. Јас да прашам, проѕирно боди како на сликава подолу? По можност црно, но може и некоја друга боја или дезен.