Прашав пред неколку страни, ама бев во Стружанка и немаше избор освен ххл машки.. Каде да купам квалитетни, памучни, еднобојни (без шари) маички по кратки ракав и блузони (женски)? Посебно би сакала маичките да имаат џепче вакво
Провери во Бершка, Pull and bear, Страдивариус.. Обично тие имаат вакви маички, еднобојни во различни бои
Девојки да не знаете каде можам да најдам шминки на Римел Лондон освен во ДМ? Конкретно ми треба течната пудра ама во ниедно ДМ ја немаат нијансата што ми треба.
15 или 20 денски. Колку поголем бројот-толку подебели. Мислам имаа посебна продавница во подрумот на гтц
Баш викендов гледав во ГТЦ кај шапкарот во пролазот лево после Стопанска Банка, имаше и различни бои. Има исто во Буњаковец во еден бутик за аксесоари што гледа на Партизанска. Лани имаше убави и во Бенетон, веројатно имаат и годинава.
Во New Yorker конкретно во продавницата во Веро- Џамбо ги видов минатата недела, би требало и во Сити мол да има.
имаш во њу јоркер во сити мол а може и да има по другиве сити мол, види и во сара фешн во центар, или сара колант. во бутикот афродита кригос, во порта влае е еден од дуќаните во зградите што се, и доста квалитетни се 2 си земав од таму другарка во ауроазија најде такви, и мислам дека за околу 200-300 ги зема