Сте виделе негде ваква блуза, бела со пуфкасти точки, проѕирна? Не мора горе да се заврзува, побитно ми е другото.
Во Манго имаше порано сличен модел на кошула,но во основа со точки и проѕирна. Провери таму, можеби се уште го има во некоја колекција.
Девојки како се движат сега цените на фустаните кај Кадриу, знае некој? За пред неколку години знам, ама сега сигурно е поскапена.
Нема, таму прво ми текна да проверам и нема. И во страдивариус лани имаше, ама немав пари тогаш да земам и сега ја нема веќе.
Зимово во Зара ги имаше на секој чекор, црни и бели Побарај таму Еве нешто слично од новата колекција https://www.zara.com/mk/en/embroidered-poplin-blouse-p07200025.html?v1=5458113&v2=719021
Со ваков дезен лани имаше во New Yorker, Koton и Jumbo, можно е и сега да ги има. Со други дезени и свилен материјал има во Zara и Parfois.
Ваква обична памучна блузичка,само црна.Ако биде и како боди уште поубаво. Имам купено по пазариве за смешни 100 ден ама мноогу ретко се наоѓа.
Имам купувано на Битпазар и на зелено пазарче по тезгите. Имам црно, бело и крем боди со долги ракави, со помал отвор од овој на сликава. Мислам дека беа по 250 ден. Ги убивам од носење.
Доколку те води патот накај теранова, има ептен слична како на сликава, и други бои имаше. Цената е 299 ден.