Уффф колку попусти има низ градд, едвај чекам деновиве да идам во шопинг. Гледам некако се успори темава, па ајде да ја живнеме. Што барате женски, ајде пишувајте!
јас барам само долен дел бикини,скроз црн,да не е на врзување,да има убава форма особено позади кај задникот
Купив јас од оние продавницине што ги има низ рамстор и гтц .. само не на врзување него со ластик . Ама имаше као што бараш ти .. Многу убави имаше и едвај си одбрав
Ај конкретно некоја продавница? зашо не можам да шетам, ме мрзи И колку пари беа? и треба да ти пишам лп
Си видела во Lisca ? Види и во Golden Point, Calzedonia и онааа, леле на врв на јазик ми е, не ми текнува како се викаше, на Максим Горки или како и да е улицатаа, таму имаше едно за купачи А за марама, имам видено во Accessories, Accessorize, тие таквите, милион ги има, има и во Ramstore едно, на првиот кат и во ГТЦ на влезот и во онаа зградата на плоштад кај што е новиот Nike.
Инспирирана од '' охрабрувањето'' на дечко ми .. каде да си најдам ваков долг фустан ? Не мора плав да е , само долг и тоа горе без прерамки сакам
Една другарка си има купено од шутка 100 или 120 денари мислам дека беа, а јас пред некој ден ги гледав имаше у теранова, и мислам дека имаше у елит горе у трговски ама колку беа не знам
сега баш една другарка си купи од Елит, горе во ГТЦ, со мики маус, црно бела е. Баш е слатка. Мислам дека е 450 ден, ама не ме фаќај за збор.
Еј вакви фустанчиња имаш у елит и во еко, една моја другарка ги има у сите бои, ама мислам дека не се носат овие веке
Миличка во елит имаше една розева со мини и со мики имаше црна мислам за цена таа ми рече од 500 на 400 на некој попуст