Јас многу ги сакам на Дуки и Дасо. Ферги има некад прекласични за мој вкус, а во последнава колекција имаат многу ташни цело испринтани со знакот на ферги, некои детски чанти, чанти цело логото. Бљак! Зимската колекција каде каде е поубава. Али затоа имаат добар попуст, тоа за 1 месец отприлика. Дуки и Дасо имаш во Скопјанка, во Бисер во 2-3 продавници, во АБ бижутерииве, мож и во Софи да најдеш, ги има на многу места. Еве види си ги на ФБ јас нив ептен ги сакам. http://www.facebook.com/search.php?q=Ju ... 0145998086 Еве и на ферги http://www.fergionline.it/en/collection_pe.php
Каде можам да најдам некое сако, тегет со бело комбинација (нешто морнарско на пример) или сиво со бело, ама да не е премногу класично...
А бе јас имам скоро 18 години , и не би ги носела на овие години а не ми ни личи . Ама кога ќе пораснам сакам да ги носам
Да! Ич да не му ја мислиш, нема да се покаеш. Ќе ја носиш со години. Јас имам само едно мало пликце за жал, ама затоа мама има 5-6 и јас и ги злоупотребувам чат-пат
Мона си вредат за парите, квалитетни се многу. Ама зависи сепак, мајка ми, баба ми и омилената ми професорка носат Мона, од една страна... А у средно мочли од 15 имаа новчаници, па ти види. Како си сакаш.
луѓе ве молам http://www.youtube.com/watch?v=OMVhyCZp_MM Kаде да најдам вакво фустанче, на фалти ко на оваа бугаркава, и по која цена?? ве молам, се заљубив
јас имам исто вакво ама мајками ми го соши .... иначе нз каде можеш во Мкд да го најдеш :/.... овде ги има во Wallfi Mall, за некој смешни 150 леи
Каде има тексас шорцеви? Секоја година го превртувам цел град и никаде не можам да најдам. Не е битно боја, само да се кратки и тексас.
Евро Азија, секакви во сите бои вчера ги видов. goddess.Of.chaos корсетчиња лесни баш нешто како маички има во New Yorker 1000 се, има и броеви, јас си купив кремасто со цветчиња ситни, види сигурно уште ги има јас вчера си купив
Девојки дали некој има сретнато некаде вакви сандали како на сликата, во Ск или најубаво би било да ми казе некоја од девојките дали ги има во Струмица?
Дали некоја девојка од кочани може да ми каже дали има избор на интересни сандали, кондури во Кочани и какви се цените . Не мора само кочанско моме да ми одговоре може и некоја друга што знае.