А зошто вештачки, не сакаш мирис на роза? За во када мене најубави ми се сушени латици од роза, испуштаат прекрасен мирис. Свежите не мирисаат толку, мислам дека поубаво е да си ставиш ливчиња од природни рози, батали ги тие вештачки пластични, јас не би се бањала со такви во када.
Врска нема. Тие што се копии се, не верувам дека се штетни, но имам познаник баш еден од оригинал тестери и парфемите се 100% оригинал, дури многу боље него од космо затоа што на нашиот пазар е све шкарт. Овие се набавени од друга држава.
Дуќан имаат во чаршија (одма на почетокот кога ќе влезеш од Зегин-битпазар во првата уличка), и дуќан на рампа во К. Вода.
Ок, постојат премногу разновидни копии на пример на еден одреден парфем, па тешко е човек да одреди дали е оригинал или врвна копија, почнувајќи од квалитетот на изработката на пакувањето и шишенцето, па до бојата на течноста, па до квалитетот на самиот мирис...ама да не навлегуваме, се наоѓаат и вистински оригинали по (ниски) набавни цени, само треба човек да го знае каков е оригиналот до детал за да може да ја препознае и копијата.
Има солидни модели во Котон, исто и во Ваикики. Цените се околу 1000ка. Минатата недела во Котон имаше некаков попуст, а во Ваикики беа нешто поскапи од 1000 денари. Нема лоши модели, само треба да пробуричкаш низ закачалки и рафтови за да си најдеш бројче.