пуш ап купачи? Каде да најдам? ili Spoiler: Vakvi https://www.aliexpress.com/item/Che...id=0b84bad6-07cb-45fd-914e-37d4b5677cc8&tpp=1
Пуш-ап купачи има во сите дуќани. Во секоја колекција имаат и модели што се со пуш ап. Јас лани зедов од Котон мислам и ме фатија околу 1000 денари и горниот дел е многу лесен и пријатен за носење и не е преполн со сунѓер како некои пуш ап градници, туку само корпата не е празна и има тенок мек и пенаст дел кој подига.
Разгледај на фб-страната на Персин Куманово. Немаат лоши блузи и тенки кошули како за секој ден и нема поскапи од 200-250 денари.
Девојки кај да најдам ваков модел на чевли во Скопје само да не е он лајн би го пробала на лице место заради удобност?
Во Бершка баш ги видов минатата недела, ама мислам дека ги има скоро секаде. Можеш да провериш на Бит Пазар во продавничките за кондури или на рампа (кисела вода) . Дали сте виделе вакви слични панталони? Свилени?
Девојки итно ми треба во Скопје сандали златни или сребрени ама да има мали бројки т.е број 35. Ако знаете кажете каде да барам.
Каде да најдам квалитетни тренерки (горен и долен дел комплет), и од оние шушкави, спортски јакнички? Само не од Nike, Adidas и сличните, бидејќи во моментов не ми се даваат по неколку илјади за брендирани тренерки.
Побарај во продавницата Janni & Janni на Бит - Пазар. Имаат избор на модели. И јас носам сандали бр.35, па најчесто таму наоѓам. А може да најдеш мал број и во Shantel shoes во ГТЦ.
Вакви панталони сличен модел каде да најдам? Да лесен материјал по што ми се за секој ден за работа. Исто и ме интересира и за некои кратки панталони до колена.
Евтини карирани кошули имаш во бутик Ивери, мислам дека цените се од 400-600 денари. Некогаш имаат и акции, две по цена на 1, обично за викенд.